X
 29.10.2015 Наука

Предизвик за 500.000 долари

АЛС (Амиотрофска латерална склероза), позната и како Лу-Герингова болест, ги напаѓа невроните во мозокот и 'рбетот, предизвикувајќи брзо губење на контролата врз движењата.


Пациентите обично доживуваат целосна парализа 5 години по дијагнозата. Тие не можат да се движат, ниту да зборуваат.

Постојат некои технологии за помош на пациентите, но повеќето од нив се прекомплицирани за да бидат достапни за сите. Затоа, Асоцијазијата за АЛС организира предизвик за иновации за комуникација за оние кои боледуваат од болеста.

Наградата изнесува 500.000 долари кои би се инвестирале за овозможување на предложениот проект. Може да се учествува индивидуално или во тим, и тоа најдоцна до 9 ноември.

Доколку немате идеја каков изум би бил корисен за овие пациенти, во продолжение следуваат видеа со помагала за пациентите кои страдаат од болеста.






Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука