X
 18.11.2015 Живот

Порастот и ефектот на тероризмот во последната година

Бројот на убиени лица во терористички напади во светот се зголемил за 80% во текот на изминатата година. Ова е најголемиот пораст досега забележан, се наведува во истражување на Институтот за економија и мир „Глобален индекс на тероризмот за 2015“.


Според податоците кои ги објавува институтот, во 2014 година биле убиени 32.658 лица, додека во 2013 година животот го загубиле 18.111 лица. Најодговорни за порастот се екстремистичката група Боко Харам со седиште во Нигерија. По нив, главни виновници се Исламска држава, покажува истражување спроведено во 162 земји.

Истражувачите кои работеле на истражувањето го дефинираат тероризмот како „закана или ефективно користење илегална сила или насилство од страна на недржавници во постигнување на политички, економски, верски или општествени цели по пат на страв и застрашување.

Што се однесува до најпогодените региони, тероризмот може да се локализира на 5 земји: Авганистан, Ирак, Нигерија, Пакистан и Сирија. Ирак е најпогодена држава со 9.929 мртви поради тероризмот. Најголем пораст на жртви бележи Нигерија, за дури 300%.

Во Европа, Велика Британија е земја која доживеала најголем број напади од тој вид. Според истражувањето, трошоците за тероризмот изнесувале 52,9 милијарди долари во 2014 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот