X
 23.11.2015 Живот

Земјите кои примиле најмногу бегалци на една мапа

Европа се наоѓа среде бегалска криза. Во текот на последните неколку години, на континентот мигрирале стотици илјадници луѓе, од кои 700.000 се од Сирија.


По нападите во Париз, некои европски држави размислуваат за затворање на границите за бегалците, иако ниту еден од напаѓачите во Париз не бил бегалец. Франција не е ниту топ дестинација за бегалците, како што може да се види од еден интерактивен инфографик од „Лусифај“.

На мапата може да се погледнат државите кои примиле најголем број бегалци. Германија, Шведска и Србија се земјите кои водат овде.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот