X
 06.05.2023 Технологија

Европски компании ќе градат сателитска мрежа што ќе биде конкуренција на „Старлинк“

Најголемите европски компании во областа на вселенското истражување и телекомуникациите планираат да изградат мрежа од сателити која треба да му биде конкуренција на „Старлинк“, сателитскиот интернет кој се нуди од истоимената компанија основана од Илон Маск.

Европските компании ќе ја градат таканаречената Инфраструктура за отпорност, интерконективност и безбедност преку сателит ИРИС2 (IRIS2 - Infrastructure for Resilience, Interconnectivity, and Security by Satellite). ИРИС2 ќе понуди нова безбедна инфраструктуре за поврзување наменета за владите, компаниите и жителите на Европа.

Проектот е идеја на Европската Комисија, која објавила повик за изградба на мрежа од сателити. На повикот се пријавил конзорциум составен од најголемите вселенски и телекомуникациски компании во Европа, вклучувајќи и „Ербас“ и „Дојче Телеком“, меѓу другото.

Проектот треба да чини 6 милијарди долари.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија