X
 02.12.2015 Живот

Погледнете како изгледа студентската менза во центарот на Сплит

После бројни проблеми и долги седум години, студентите во Сплит конечно ќе можат да ја добијат назад својата менза во центарот на градот.

 

менза


Се чини дека проблемите околу спорните уреди за ладење со жителите на соседните згради за брзо време се реши.

Директорката на Студентскиот центар Сплит, Гордана Раос, не го криеше своето задоволство што конечно започнала мензата и што студентите ќе можат да ја користат. Таа вели дека мензата во центарот треба уште да се досреди и дека треба да се постави потребна апаратура за да може наскоро да ги отвори сите врати на студентите.

„Среќна сум што работите тргнаа на подобро и се реши спорот и што наскоро ќе започне да работи мензата за студентите во самиот центар на градот. Се`уште имаме работа околу уредувањето на мензата, мораме да ја поставиме опермата и останатите содржини за мензата да започне да функционира. Мензата ќе приготвува околу 400 до 500 оброци дневно и се надеваме дека ќе се отвори пред Божиќ, доколку се` биде во согласност со нашите очекувања“, изјави Гордана Раос.

Речиси истовремено треба да се отвори и мензата на Медицинскиот факултет, која исто така треба да приготвува околу 400 и 500 оброци за потребите на студентите.

„Чекаме градот да го потврди барањето за сертификат за работна дозвола, а отворањето на мензата го договараме со Универзитетот и ректорот кои не` брзаат. Исто така, мензата на Медицинскиот факултет треба да приготвува 400 до 500 оброци и да ги отвори своите врати пред Божиќ“, додава Раос.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот