X
 15.01.2019 Живот

Иран лансира сателит, но не стигна во орбитата

Иран денеска, и покрај критиките од САД, лансира најмалку еден сателит, но тој не стигна до орбитата, изјавија ирански официјални претставници.

- Ракетата која го носеше сателитот „Пајам“ не ја достигна „неопходната брзина“ во третата фаза од лансирањето - изјави министерот за телекомуникации Џавад Азари Џарои за иранската државна телевизија.

Тој рече дека ракетата успешно ги поминала првите две фази, а во третата настанале проблеми, меѓутоа, не објасни што го предизвикало падот на ракетата.

Џарои, сепак, најави дека иранските научници ќе продолжат да работат на развојот на ракетата.

САД го обвинуваат Иран дека со лансирањето сателити ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која Техеран се повикува да не презема активност во врска со балистички ракети кои би овозможиле развој на нуклеарно оружје, додека Иран тоа го негира.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот