X
 15.01.2021 Живот

Велшка компанија бара кандидат за тестирање папучи и производи за спиење

За многумина, совршен живот е кога не мора да облекуваат фармерки или чевли, а сега постои совршена професија за овие луѓе - тестер на папучи и производи за спиење.

Велшкиот бренд „Бедрум атлетикс“ сака да вработи двајца кандидати кои ќе ги тестираат и оценат најновите дизајни на папучи, пижами, перници и други производи на компанијата.

Кандидатите ќе треба да ги тестираат производите два дена во месецот, а ќе треба да ги носат производите по 12 часа во тие два дена. Месечната плата изнесува 333 фунти.

Знаете некој од Велика Британија што би можел да се пријави? Огласот е објавен овде.

Автор: Ниха Тендон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот