X
 15.02.2017 Образование

Марија Монтесори: „Душата на детето е отуѓена од природата!“

Денес, во услови кои ги нуди ова модерно општество, децата живеат далеку од природата и имаат малку можност да дојдат до контакт со неа или да имаат било какво директно искуство.

Долго време се мислеше дека природата им само морално влијание врз образованието на детето. Биле направени напори да се развиваат посебни чувства кон чудата на природата, цвеќињата, растенијата, животните, пределите, ветрот и светлината.

Подоцна се правеа напори детето да се заинтересира за природата со давање на мали делови на земјата за обработување. Но, концептот за живот во природата се` уште е релативно нов во детското образование. Всушност, на детето му е потребно да живее природно, а не само да стекнува знаење за природата. Најважната работа која треба да направиме е да го ослободиме детето, колку што е можно повеќе, од она што го држи изолирано во вештачки живот во градот. Искуството покажа дека единствен начин децата да се излекуваат од туберкулоза и рахитис во модерните санаториуми, е тие да се изложени на природа, да спијат надвор и да живеат на сонце. Кога ќе размислиме на тоа, јасно е дека децата имаат големи придобивки од изложеноста на природа - тие се силни и здрави.

Меѓутоа, се` уште постојат предрасуди. Со задоволство се откажавме од нашата слобода, така што го засакавме нашиот затвор, и тоа им го пренесивме на децата. Малку по малку, почнавме природата да ја сведуваме на одгледување цвеќиња и грижа за домашните животни кои ни даваат храна, ни помагаат во работата или одбраната. Затоа, нашите души се стеснуваат и се полни со контрадикторности. Дури и сме во состојба да се грижиме за животните, а од друга страна да гледаме други животни кои ќе умрат бидејќи нам ни е потребна храна; или да им се восхитуваме на убавите песни на птиците заробени во мали кафези, а тврдиме дека имаме љубов кон природата. Дури мислиме и дека послужавник со морска песок може да биде од голема помош на детето. Брегот често се смета за образовно место бидејќи песокот е сличен на оној како во кутијата на детето. Така, во конфузијата на нашето заробеништво, доведуваме апсурдн заклучоци.

Всушност, повеќето луѓе се плашат од природата. Се плашат од воздухот и сонцето како да им се смртни непријатели. Се плашат од ноќта како да има скриена змија во тревата. Се плашат од дождот како да е оган. Цивилизиран човек е вид на задоволен затвореник, па ако се предупреди дека треба да ужива во природа поради неговото здравје, тоа го прави толку плашливо и секогаш внимателно. Спиењето надвор, изложувањето на ветрови и дождови, криење од сонцето и капењето во вода се работи за кои можеме да зборуваме, но ретко ги практикуваме.

Сите брзаме да ја затвориме вратата поради страв од промајата. Сите ги затвораме прозорците пред спиење, особено кога е зима и кога врни дожд. Скоро сите веруваат дека е опасен, дури и херојски да се направи долга прошетка на дождот или на сонце, и да се потпри на засолниште кое го нуди природата. Треба да се навикнеме на ова, но никој ништо не презема. Можеби малите деца треба да се навикнат. Но, тие се најзаштитени. Дури и Англичаните, со нивниот ентузијазам за спорт, не сакаат децата да им се уморат во природа. Дури и кога се големи, нивната дадилка ги вози во количка на некое место под сенка кога времето е убаво; не ги пушта да одат далеку и да се однесуваат како сакаат. Онаму каде луѓето се занимаваат со спорт, тоа станува вистинска битка помеѓу најсилните и најхрабрите млади луѓе, истите тие кои државата ги вика во војна да се борат против непријателот.

Наместо тоа, се прашуваме како да го заспиеме бебето кога сонцето наутро го буди, и како можеме да го научиме да не ги соблекува чевлите или да лута по ливадите. Кога поради овие ограничувања, детето ќе се умори од неговиот затвор, тоа убива инсекти и мали безопасни животни; сметаме дека тоа е природно и не забележуваме дека неговата душа се отуѓила од природата. Ние едноставно од нашите деца бараме да се прилагодат на својот затвор, и да не ни создаваат проблеми.

Во градот детето ќе каже дека е уморно после кратка прошетка, па веруваме дека нема сила. Но неговата мрзеливост доаѓа од неговата средина, од досада, поради необичната облека, болката која малите нозе ја трпат во вештачките чевли додека оди по голиот камен на градските улици, и од оние кои одат околу него неми, рамнодушни и без насмевка. Не им значи ништо клубот во кој може да се зачленат, ниту атрактивната облека на која можат да им се восхитуваат. Тој е на синџир. Го обзема мрзеливоста и би сакал да го возат.

Но, кога ќе дојде во контакт со природата, децата ја откриваат нивната сила. Ако се здрави деца, и помлади од две години, со силен став и добро хранети, можат да одат километри. Нивните неуморни мали нозе ќе се качуваат по стрмни патишта по сонцето. Се сеќавам дека дете од околу шест години еднаш исчезна на неколку часа. Тоа се искачувало на ридот, мислејќи дека од врвот може да види што има на другата страна. Не беше уморно, туку изнервирано што не можеше да го најде она што го бара. Познавав и пар со детенце од две години. Сакајќи да одат на пооддалечена плажа тие се обидоа да се менуваат носејќи го детето во рацете, меѓутоа тоа било премногу заморно. Но, детето со ентузијазам сакало само да оди и тоа секој ден. Наместо да го носат, родителите се жртвувале така што оделе побавно и застанувале секој пат кога детето застанувало да собере цвеќе или да го гледа малото магаре кое пасело на ливадата и селото. Наместо да го носат детето, овие родители го решија проблемот, следејќи го. Само поетите и малите деца може да почувствуваат возбуда поради малата река која тече. Детето на ваквата слика радосно ќе се смее и ќе сака да запре и да ја милува со своите раце.

Би ви предложила во вашите раце да го земете детето кое се` уште не оди. Држете го на грбот, за да има што да види. Застанете со него. Тоа ќе се сврти и ќе ужива во убавите места дури и ако не може да стои исправено на нозе.

Дали некогаш сте виделе децата колку сериозно и тажно стојат над телото на малите птици паднати од гнездата и како трчаат наваму-натаму известувајќи што се случило со голема загриженост? Тоа се деца кои наскоро можат толку да се променат и да започнат да крадат јајца од гнездата на птиците.

Како и во се` останато, чувството кон природата расте со вежбањето. Тоа не се пренесува со опширните описи на рамнодушното дете на кое му е досадно, затворено во собата, која навикнало да ја гледа и да слуша како суровоста кон животните е само дел од животот. Искуството е тоа кое има најголемо внимание. Смртта на првиот гулаб кој намерно ја убил член на семејството фрла темна дамка на срцето на речиси секое дете. Мораме да ги излекуваме овие рани, духовни болести кои веќе ги погодија овие прекрасни деца кои се жртви на вештачката средина во која живеат.

Извадок од „Откривање на детето

Автор: Марија Монтесори
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование