X
 15.03.2019 Живот

И младите од Македонија гласни против климатските промени

„Имате ли план? Стоп за смогот“ – ова се само дел од пораките што млади од Македонија ги упатија како дел од глобалното протестно движење за климата. Со транспаренти и пораки в раце, гласно зборуваа за климатските промени, но и за загадениот воздух во земјава.



Оваа форма на политички протест е инспирирана од неделниот штрајк на Грета Тунберг, кој почна во август 2018, кога наместо да оди на училиште во петоците, таа одеше да протестира пред локалните канцеларии на нејзината влада и да бара климатска правда.

Оттогаш движењето се рашири низ целата планета со огромна брзина. Ученици од повеќе од 59 земји, од сите континенти, учествуваат во училишните штрајкови.
Целта е да се прати јасна, мирна порака за климатска правда, која ќе бара од сите држави да реагираат веднаш. Главната цел е сите земји потписнички на Парискиот договор да го имплементираат во целост.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот