X
 15.03.2019 Живот

Телефонот како штит за одбрана од стрели

Еден Австралиец имал среќа да се спаси од сериозни повреди при конфронтација со човек вооружан со лак пред неговиот дом откако стрелата го пробила телефонот што го држел за да го фотографира инцидентот.

Сето ова се случувало во малиот град Нимбин во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, каде 43-годишен човек забележал друг човек, кој му бил познат, на неговиот имот. Натрапникот, кој носел лак и стрела, му бил познат на човекот. Тој решил да го фотографира, но натрапникот во тој момент го нападнал со лакот и стрелата.

Стрелата го пробила телефонот и го удрила човекот по брадата. Тој имал среќа и поминал со мала исекотина.

Полицијата го уапсила 39-годишниот натрапник, против кого е поднесено обвинение.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот