X
 24.07.2019 Живот

Иновативен превоз им помага на учениците од оддалечени места да стигнат на училиште

Малата заедница на Пунму во Пилбара, Западна Австралија, дизајнирала забавен и ефективен начин за превоз на учениците до нивното училиште. Токму поради овој превоз, наречен „Воз-буре“, посетеноста и присуството во училиштето.

Заедницата претворила повеќе од 20 метални буриња во вагони за воз, обезбедувајќи нов начин за децата да одат на училиште. Со дизајнирањето на возот, се зголемила стапката на присуство на учениците.

Идејата за возот била на координаторот на пунму, Џон Рудавеј, која му дошла додека бил на одмор во Перт.

- Видов четири буриња што се влечеа зад косачката за трева и си помислив, колку добра идеја - вели тој.

prevoz
Фото: YouTube/PeterDoery

Целата заедница ја прифатила идејата. Директорката на училиштето, Сара Мортимер, вели дека возот многу им помага на родителите во заедницата.

- Тоа е нешто позитивно, безбедно и со овој превоз полесно им е на семејствата кои имаат помали деца дома - вели таа.

- Eден од предизвиците е децата да стигнат на училиште навреме и да останат цел ден. Може да се каже дека детето има 100 отсто посетеност на училиште кога доаѓа секој ден на училиште - додава таа.

Во 2006 година, австралиските власти почнале програма наречена „Затворање на јазот“, осврнувајќи се на разликите во пристапот до образованието меѓу домородните и недомородните луѓе на континентот. Со помош на локални координатори, кои обично се членови на домородните групи, биле создадени неколку иницијативи за да се овозможи подобар пристап до училиштата, меѓу кои и овој „Воз-буре“.

Возот е популарен меѓу децата, а според австралиската влада, присуството на училиште во Пилбара значително се зголемило од воведувањето на овој превоз, наведувајќи дека повеќето родители во заедниците на Пунму имале потешкотии да ги однесат нивните деца на училиште навреме и навреме да ги земат.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот