X
 15.03.2021 Технологија

Квака што сама се брише со дезинфекциско средство по секоја употреба

Пандемијата кај многумина од нас предизвика загриженост поврзана со сите површини што ги допираме, особено на јавните места. Голем проблем станаа кваките затоа што ги допираат многу луѓе и не може да се избегнат.

Некои бизниси размислуваат за поставување отворачи на врати контролирани со нозе, но тие се мачни за инсталирање и се прилично скапи. Но, една компанија наречена „Твик“ има остроумен начин за справување со проблемот со кваките.

Имено, компанијата „Твик“ ќе продава високоефикасна квака која може сама да се чисти. Таа лесно се инсталира и бара само мало одржување, стои на страницата на компанијата.

Направата се состои од рачка која кога ќе ја пуштите, му овозможува на механички прстен полн со средство за дезинфекција да оди нагоре-надолу по рачката чистејќи ја. Од компанијата истакнуваат дека нивната уникатна квака елиминира 99 отсто од бактериите и вирусите за помалку од три секунди.



Што е уште подобро, кваката може лесно да се инсталира на сите врати без нивно модифицирање. Кваката работи со литиумска батерија која овозможува илјада употреби. Кога е полнежот при крај, сопственикот е алармиран преку апликација.

Тогаш батеријата може да се врати во компанијата на повторно полнење за да не се создава отпад.

Кваките воопшто не се евтини. Пар кваки ќе се продаваат за 550 долари, а еден кертриџ ќе чини 20 долари. Според известувањата, ќе почнат да се продаваат на 9 јуни.

Извор: Interesting Engineering
Фотографии: Tweaq
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија