X
 15.04.2022 Живот

Фотографии што ги прикажуваат воодушевувачките соларни фарми низ светот

Во последно време многу се зборува за обновливите извори на енергија и за движење кон позелена иднина. И во тие дискусии соларната енергија е во првите редови.

Но, како изгледа користењето на соларните панели во големи размери? Фотографот Том Хеген посетил три земји за да открие. Серијата „Соларна моќ“ е поглед на соларните централи и вештачкиот пејзаж кој сака да ја спаси нашата иднина.

Хеген, кој ги прави своите фотографии од хеликоптер, долго време е фасциниран од човечкото влијание врз животната средина. Тој направи длабока истрага за алтернативни извори на енергија. Хеген го привлекувале соларните централи и како оваа нова технологија може да ја напојува планетата за генерациите што доаѓаат.

- За еден час, количината на енергија од Сонцето што удира на Земјата е повеќе отколку што троши целиот свет за една година. Енергијата на Сонцето би била доволна за да го одржи светот да работи во следните пет милиони години. Прашањето тука е дали можеме доволно да ја искористиме таа енергија? - вели фотографот.

Том бил инспириран да ги побара овие соларни фарми откако наишол на соларни полиња во близина на француските Алпи. Го погодило тоа што личат на бескрајни бранови на ридовите и тргнал да бара други. Неговото патување го однело во Шпанија и САД. Како и секогаш, работата била предизвик при обидот да се создаде визуелна магија додека се фотографира од хеликоптер.

- Сакав огледалата да го рефлектираат утринското небо, додека земјата сѐ уште беше темна - вели тој.

Серијата „Соларна моќ“ е неверојатно магична бидејќи панелите се поставени во концентрични кругови или уредни редови. Повторливата шема на пејзажот е смирувачка, но истовремено и чудна. Околината е изменета од човекот уште еднаш, но овој пат за поголемо добро.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Tom Hegen/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот