X
 15.05.2018 Здравје

Следната смртоносна пандемија може да биде различна од сите закани што ги знаеме

Не го знаеме името. Не знаеме кога ќе почне, ниту кога ќе заврши. Но знаеме дека сигурно доаѓа по нас.

Научниците открија нацрт од тоа како најверојатно ќе изгледа следната смртоносна глобална пандемија. Повеќе од 120 експерти ги споделија увидите во предвидените карактеристики на вирусниот патоген кој нема да познава граници.

- Треба посериозно да ги сфаќаме респираторните вируси. Фокусот претежно е ставен на болестите што нема да се способни да ја сменат цивилизацијата на начин на кој нешто што се шири по респираторен пат би ја сменило - вели истражувачот на заразни болести Амеш Адалџа од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Видовите болести за кои зборува Адалџа, како вирусот зика или ебола, се екстремно сериозни закани за јавното здравје, но во смисла на патогени кои би можеле да бидат од глобален катастрофален биолошки ризик (ГЦБР), тие не се толку сериозни како биолошките агенси што слободно можат да се прошират во воздухот кој го дишеме.

Тоа е заклучокот од новиот извештај предводен од Адалџа, кој е насочен на карактеристиките на пандемичните патогени.

Фото: Pexels

Според пронајдоците, можеби најголемата закана од таквата катастрофална пандемија не е самата бактерија, чија појава најверојатно е надвор од нашите раце. Тоа сме ние. Зошто? Бидејќи тоа е голем дел од истражувањата на нештата, како предвидување на вируси, оди во попишување, истражување и секвенцирање на заразните закани што веќе ги знаеме.

Иако тоа е одлично за научното разбирање, Адалџа вели дека е дискутабилно дали овој напор ја помага подготвеноста за катастрофа кога станува збор за непознатите биолошки закани со кои треба да се соочиме во иднина и кои не се совпаѓаат со сетот темплејти што ги цртаме.

- Здравствената заштита треба да биде поадаптибилна на новите закани, а не да биде венчана со историските погледи. Поактивен пристап до овој проблем на крајот ќе помогне во заштитата од ГЦБР - истакнува Адалџа.

За таа цел, Адалџа и другите истражувачи минале повеќе од една година прегледувајќи научна литература за карактеристиките на заразните болести и патогениот потенцијал на микробите и интервјуирале повеќе од 120 технички експерти од академии, индустрии и од властите.

Во конечната анализа на тимот, тие велат дека патогенот одговорен за следната смртоносна глобална пандемија најверојатно ќе се прошири преку респираторна трансмисија и ќе биде заразен во текот на инкубацискиот период, пред развојот на симптомите (или кога луѓето покажуваат само благи симптоми).

Болеста најверојатно ќе има низок, но значаен степен на смртност - ова е важен фактор кој обично ја зголемува преносливоста на патогенот.

Со други зборови, најверојатно ќе убие некои луѓе, но повеќето би ја преживеале инфекцијата - оставајќи ги слободни да го шират патогенот на други додека тие остануваат заразни. Истовремено, многу фатална бактерија-убиец што брзо дејствува може да биде премногу смртоносна.

Истражувачите мислат дека најопасните патогени на ниво на ГЦБР се РНА-вирусите, кои се способни да мутираат.

Ако нов вид на РНА-вирус се појави и се прошири меѓу имунолошки компромитирани луѓе во заедницата - и ако постојните лекови не ја задржат инфекцијата ефективно - можеме да имаме ГЦБР-настан, велат истражувачите.

Добрата вест е дека во последно време не сме биле погодени од една од овие ГЦБР. Но, лошата е што знаеме од минатото искуство дека тоа може да се случи, а многу навистина паметни луѓе велат дека не напредуваме доволно брзо во одговарањето на заканата со која се соочуваме денес.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје