X
 08.11.2020 Живот

Поради пандемијата, временската прогноза е со повеќе грешки

На почетокот на пандемијата на коронавирусот НАСА известуваше дека сателитските податоци посочуваат на позитивни ефекти врз животната средина од ограничувањата на движењето. Сега податоците покажуваат едно негативно влијание на пандемијата.

Намалувањето на авионскиот сообраќај за време на пандемијата ги намалува атмосферските податоци што се собираат од страна на комерцијалните патнички авиони, покажува ново истражување. Истражувачите велат дека моделите за краткорочно предвидување на времето се полоши кога добиваат помалку податоци за температурата, ветерот и влажноста во атмосферата од авионите.

Како што објаснува „Њујорк тајмс“, податоците се собираат со инструменти на илјадници авиони, од кои најголем дел летаат над Северна Америка и Европа. Овие инструменти се ставаат на авионите со децении. Податоците од инструментите се пренесуваат во реално време до организациите за временска прогноза насекаде низ светот.

Во истражувањето се покажува дека елиминацијата на 80% од податоците довела до грешки еднакви на 30% до 60% од грешките што би се направиле доколку се прави прогноза без овие инструменти.

Автор: Крис Јанг
Извор: interestingengineering.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот