X
 15.05.2025 Живот

Овој јапонски аеродром не изгубил ниту еден куфер цели 30 години

Патувањето често е придружено со стрес и грижи поради задоцнување, лошо време, долги редици, а најлошо од сè, изгубен багаж. Но, на аеродромот „Кансаи“ во Јапонија вашите куфери се и повеќе од сигурни. Од отворањето во септември 1994 година овој аеродром, кој е еден од двата што во Осака, третата најголема јапонска метропола, никогаш не изгубил ниту еден багаж. Овој импресивен рекорд е уште поинзвонреден ако се земе предвид дека во САД секоја година се губат околу 3 милиони парчиња багаж, според Бирото за транспорт.

Аеродромот „Кансаи“ годишно има околу 28 милиони патници и во 2023 година обработил околу 10 милиони парчиња багаж. За својата услуга, аеродромот осумпати ја добил наградата за најдобра испорака на багаж од страна на „Скајтракс“, британска компанија за истражување во авијацијата. Јасно е дека аеродромот ја заслужил својата репутација, но како успева да ја одржи оваа беспрекорна статистика цели 30 години?

Целта е багажот да биде достапен на шалтерот за земање во рок од 15 минути по пристигнувањето

- Веруваме дека рекордот е резултат на секојдневниот труд и внимателната работа на сите вклучени, вклучувајќи авиокомпании и компании за ракување со багаж - стои во официјалното соопштение на аеродромот.

Овој „секојдневен труд“ се одвива преку прецизен и повеќеслоен систем, каде што повеќе вработени и контроли се постојано вклучени. Вработените постојано проверуваат дали бројот на торби при пристигнување се совпаѓа со бројот при заминувањето, а потоа веднаш ги бараат торбите, дали се во товарниот простор на авионот или во просторијата за сортирање. Целта е багажот да биде достапен на шалтерот за земање во рок од 15 минути по пристигнувањето.

На 13 април 2025 година во Осака започна Светското изложување (World Expo), кое се очекува да привлече повеќе од 20 милиони посетители, што значи и поголем број торби за следење.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот