X
 15.06.2026 Живот

Инкубатор на зелени и дигитални банкарски идеи: Заврши тримесечниот студентски предизвик на ПроКредит и Економскиот факултет во Скопје

Во саботата, на 13 јуни, Централната управа на ПроКредит Банка беше центар на младешката креативност, иновација и претприемачки дух. Во рамки на успешната долгогодишна соработка со Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа финалниот настан на кој студентите ги презентираа своите напредни решенија, со што се заокружи интензивниот тримесечен менторски процес за работа на зелени и дигитални банкарски решенија.

Настанот свечено го отвори Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, кој изрази силна поддршка за академскиот и професионалниот развој на младите луѓе во земјава. Пред присутните со свое поздравно обраќање се обрати и деканот на Економскиот факултет во Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, кој ја истакна важноста на ваквите практични партнерства помеѓу бизнис секторот и високообразовните институции.

2

2

Во улога на стручно жири, кое го оценуваше секој детал од предложените проекти, се најдоа проф. д-р Мијалче Санта, како и членовите на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Маја Михајлова и Милан Дамчевски. 

4

На настанот присуствуваа и професорите од чии предмети произлегоа овие исклучителни студенти: проф. д-р Елена Наумовска, проф. д-р Елена Макревска Дисоска, проф. д-р Александра Јанеска Илиев и проф. д-р Стојан Дебарлиев. Покрај професорите, клучен придонес во целиот процес имаа и членовите на тимот на ПроКредит Банка, кои во изминатите три месеци несебично работеа како ментори на студентските тимови, насочувајќи ги низ реалните банкарски процеси.

Вкупно 12 одлични тимови, составени од амбициозни студенти, понудија конкретни, применливи и современи решенија насочени кон унапредување и оптимизација на услугите на банката за нејзините клиенти. Преку динамични 10-минутни презентации и 2-минутни одговори на прашања од жирито, тимовите покажаа високо ниво на професионализам, поткрепено со функционални демо-решенија кои комплетно ги воодушевија присутните.

5

6

Преку иновативни демо-решенија, студентите работеа на шест клучни теми (секоја елаборирана од по два тима), нудејќи конкретни алатки за дигитализација и хабови за раст на мали и средни претпријатија, оптимизација на апликацијата ProConnect 2.0, дигитален навигатор за климатска транзиција, специјализиран дигитален пакет за млади „Патека за прва плата“, како и стратегии за примарно банкарство.

7

8

По завршувањето на излагањата, жири-комисијата се соочи со навистина тешка задача – да ги одбере најдобрите три во исклучително силна конкуренција на извонредни идеи. Членот на Управниот одбор, Милан Дамчевски, го соопшти финалниот пласман, со кој најдобрите три тима освоија вредни парични награди, но и драгоцена можност за практична работа и директна реализација на нивните идеи во самата банка.

9

Третото место го освои тимот „ПроЈанг“, кој понуди одличен концепт за „Советник за примарно банкарство и пазарен удел кај клиентите“, добивајќи парична награда од 500 евра.

10

Второто место и награда од 1.000 евра му припадна на тимот „ПроГрин“, кој креираше решение за „Дигитален навигатор за климатска транзиција“.

11

Првото место го освои тимот „ПроБизнис Твин“, тие ја имаа најдобрата презентација и напредно решение за „Забрзувач на дигитализацијата кај малите и средни претпријатија“, со што се закитија со главната награда од 1.500 евра и можност заедно со второнаградениот и третонаградениот тим да ги реализираат решенијата преку практична работа на нив заедно со тимот на ПроКредит Банка.

13

Настанот заврши со искрени честитки, аплаузи и со креирање на заеднички спомен преку традиционалната групна фотографија пред Централната управа на ПроКредит Банка, означувајќи го крајот на официјалниот дел до проектот, и почетокот на една нова иднина за овие талентирани млади луѓе.

13

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот