X
 15.08.2025 Живот

Каде најмногу сакаат да патуваат германските туристи? Ќе се изненадите

Повеќето туристи кои ја посетиле Германија во првата половина од годината биле токму од Германија.

Тоа значи дека Германија и натаму останува најомилена туристичка дестинација за домашното население, според Норберт Кунц, генерален директор на Германската туристичка асоцијација.

Според податоците на Федералниот завод за статистика во Висбаден, бројот на ноќевања на гости од Германија се зголемил за 0,8 отсто, достигнувајќи околу 187 милиони во првата половина од годината. Наспроти тоа, бројот на ноќевања на странски гости опаднал за 3,2 отсто, на 36,4 милиони. Причината? Лани во Германија се одржа Европското фудбалско првенство.

Вкупно, 223,3 милиони ноќевања го надминале рекордот поставен во првите шест месеци од 2024 година за 0,1 отсто.

Недостаток на работна сила и инфраструктура


Имајќи ги предвид овие податоци, Кунц укажува и на предизвиците што произлегуваат. Туристичките агенции страдаат од недостиг на работна сила, како неквалификувана, така и квалификувана, а вработувањето на овие работници мора да се олесни. Туристичките региони треба да се развиваат поодржливо и да се обрне внимание на перспективите за развој на туризмот во иднина и управувањето со него.

Тоа бара сигурни финансиски ресурси за општините, конкурентна и доверлива инфраструктура и мерки за управување со туризмот, според зборовите на генералниот директор на Германската туристичка асоцијација.

Нема еуфорично расположение

Статистичарите истакнуваат дека расположението во германската индустрија за сместување во јуни се подобрило петти месец по ред - од минус 16,5 на минус 15,3 поени. Сепак, и понатаму преовладува песимизмот.

- Туристичката 2025 година не започна најдобро. Сè уште ги чувствуваме последиците - вели експертот Каролајн Вогел, од Институтот за економски истражувања во Минхен.

Извор: n1info.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот