X
 15.08.2025 Живот

Свечено отворена оптиката „Диоптра Урбан Консепт“ - првиот оптички концепт на продавница во продавница во Македонија

Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на оптиката „Диоптра Урбан Консепт“– модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала.

Оптиката „Диоптра“, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за првпат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: „Етниа Барселона“ - позната по своите автентични рамки со живописни бои, смели комбинации и уметнички дизајн кои ја носат енергијата и духот на Барселона - и „Москат“ - легендарен њујоршки бренд со повеќе од еден век историја, препознатлив по иконските модели кои се синоним за безвременски стил и врвен квалитет.



-Овој последен проект го создадов со визија, ентузијазам и страст за да понудам нешто сосема ново и свежо – простор кој е максимално хедонистички и наменет за уживање. За првпат во Македонија воведуваме концепт продавница во продавница (store-in-store) на два светски реномирани бренда – „Етниа Барселона“ и „Москат“. Особено сме горди што „Етниа Барселона“ за првпат има ваков концепт и во светски рамки, а тоа е овозможено благодарение на нашите клиенти, кои се презадоволни од брендот и со својата лојалност нè мотивираа да им го донесеме ова искуство. Со ова, секој љубител на „Етниа Барселона“ во Македонија ќе може да ужива во брендот како да е во Шпанија и да ја доживее магијата на неговиот колорит, уметнички дух и автентичен стил - рече сопственичката Марија Костуранова по повод свеченото отворање.



Посетителите на „Диоптра Урбан Консепт“ можат да доживеат целосно ново искуство – да изберат очила од најновите колекции, да уживаат во свежо подготвено кафе или ароматична мача и сето тоа во пријатна атмосфера, каде што и вашите миленичиња се добредојдени.

-Сакав купувањето очила и посетата во оптика да бидат вистинско задоволство – момент на уживање, инспирација и мир. Со многу труд, посветеност и вложувања, на „Диоптра Урбан Косепт“ е токму тоа – место каде што модата, стилот и технологијата се спојуваат во уникатно искуство кое инспирира и разгалува - надополни Костуранова.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот