X
 30.04.2025 Живот

Во оптиката „Диоптра“ промовирана новата колекција на очила – дизајнирана и изработена во Италија

Во оптиката „Диоптра“ промовирана новата колекција на очила – дизајнирана и изработена во Италија

Синоќа во ТЦ Лептокарија, оптиката „Диоптра“ ексклузивно ја претстави својата најнова колекција на очила – дизајнирана и изработена во Италија, инспирирана од желбите на своите клиенти и создадена со највисоки стандарди на квалитет и изработка.

Новата колекција, инспирирана од медитеранскиот дух, зрачи со енергија, стил и автентична убавина, доловувајќи ги слободата и шармот на медитеранскиот начин на живот. Секој модел е мајсторски изработен од целулозен ацетат, добиен преку прецизен процес на трансформација на природен памук – материјал кој ја задржува својата природна суштина нудејќи еластичност, издржливост и мекост кон кожата. Благодарение на неговата уникатна способност за обликување во бескрајни форми и бои, ацетатните рамки се симбол на автентичност и стил.



- Колекцијата е внимателно создадена за да одговори на различни вкусови и стилови. Таа нуди сѐ – од минималистички, лесни и дискретни модели изработени од медицински челик до смели, колоритни и винтиџ инспирирани рамки. Без разлика на преференциите, секој ќе може да се пронајде и да го најде совршениот модел што ќе ја изрази неговата индивидуалност. Отсекогаш ги следиме желбите на клиентите, а оваа колекција е токму резултат на долгоочекувано барање, што за нас претставува огромно задоволство и потврда за нашиот успех.
Ова е веќе третата колекција на Диоптра – претходните две беа лансирани по повод 25-годишнината и 30-годишнината од нашето постоење. Овој пат, по барање на клиентите, одлучивме колекцијата да стане постојан дел од портфолиото на Диоптра. Со особена гордост ги прифаќаме комплиментите од нашите клиенти и партнери, кои препознаваат дека сме пионери во оптометриската индустрија во земјата, нешто што за нас е најголемо признание за повеќе од три децении посветена работа - рече м-р Марија Костуранова, сопственичката на Dioptra Optics и Dioptra Couture.



Особено внимание привлече новитетот во колекцијата – бројни модели со клип-он решенија, кои носат функционалност, практичност и додадена вредност за динамичниот животен стил на современиот корисник.

Настанот се одвиваше во автентичен италијански амбиент, збогатен со звуците на италијански канцони, вкусот на лимончело, жолто-сини детали и текстури кои ја пренесоа медитеранската атмосфера. Специјални гости на настанот беа претставници од Италијанската амбасада и директорот на Italian Trade Agency (ITA), чие присуство ја потврди меѓународната вредност и ја изразија својата поддршка за уникатниот концепт и визија на Dioptra Optics.



Колекцијата веќе е достапна во сите оптики на „Диоптра“ и е понудена по промотивен попуст од 50 %.

Со оваа колекција „Диоптра“ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон современа визија, втемелена врз традиција, иновација и искрена грижа за клиентите. Со над 30 години искуство, тимот од „Диоптра“ останува доследен на вредностите на доверба, одговорност и естетика – создавајќи производи што ја истакнуваат индивидуалноста на секој поединец, со стил, прецизност и љубов.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот