X
 15.09.2021 Живот

Донираат мајчино млеко – македонски семејства дел од светска иницијатива

Иницијативата за донација на мајчино млеко „Human Milk 4 Human Babies“ треба да им овозможи на мајките што од различни причини немаат доволно млеко да ги хранат своите бебиња, а не сакаат да го прават тоа со адаптирано млеко, да го сторат тоа со млеко од друга мајка, која ќе им го донира. Идејата за една ваква иницијатива кај Наташа Цветановска-Тодосовска, сертифициран специјалист за доење (@доењесољубов), тлеела многу одамна.
 - Human Milk 4 Human Babies или во превод „Човечко млеко за човечки бебиња“ е мрежа за споделување донирано мајчино млеко, виртуелно село, кое е составено од луѓе од цел свет, како мајки, татковци, фамилии кои посвојуваат деца, баби и дедовци, професионалци кои работат со семејствата за време на бременост, раѓање, лактација и доење, волонтери, поддржувачи, сите собрани со една единствена цел – да ја поддржат наједноставната идеја дека сите бебиња и дечиња имаат право да бидат хранети со наше, човечко млеко, кое е најдобро и најсоодветно за нивниот раст и развој - објаснува таа.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот