X
 13.06.2019 Наука

Научниците откриле како да претворат крвна група А во универзална

Во јули минатата година американскиот Црвен крст прогласи недостиг на крв - едноставно не добивал доволно донации за да им помогне на сите пациенти што имале потреба од крв.

Истражувачите од Универзитетот во Британска Колумбија пронашле начин да се справат со проблемот, дури и ако луѓето повеќе не донираат, преку претворање на помалку употреблива крвна група во крв што секој може да ја прими.

Крвта е различна поради шеќерите на површината на црвените крвни клетки што ги создава телото. Крвната група А има еден вид шеќер, крвната група Б има друг, крвната група АБ ги има двата вида шеќери. Крвната група O нема шеќери.

krv
Фото: iStock

Ако една личност прими трансфузија на крв од крвна група што не е иста како таа што ја има, нејзиниот имунолошки систем ќе ја нападне и ќе ги убие донираните крвни клетки. На пример, луѓето со крвна група А никогаш не можат да добијат крв од крвната група Б бидејќи нивниот систем едноставно ќе ја отфрли новата крв зашто шеќерите не се исти.

Бидејќи крвната група O нема шеќери, секој може да ја прими и таа е универзално прифатена крвна група и затоа е пожелна.

Во минатото истражувачите сфатиле дека одредени ензими (молекули што предизвикуваат хемиски реакции) може да ги отстранат шеќерите од А, Б и АБ крвните групи, претворајќи ги во покорисен тип - O.

Но, како што истакна истражувачот Стивен Витерс, тие сè уште не откриле ензим што би бил ефикасен, безбеден и економичен. Нивната потрага по тој ензим ги одведе во стомакот на човекот.

Витерс и неговиот тим веќе знаат дека дигестивниот тракт ги содржи истите шеќери пронајдени во крвните клетки и дека бактериските ензими во човечкиот измет ги одзеле тие шеќери од обвивката за да функционира дигестијата.

Користејќи го ова знаење, истражувачите успеале да изолираат ензим што ги отстранува шеќерите од крвните групи А и Б, трансформирајќи ги во тип O, 30 пати поефикасно од кој било претходно откриен ензим.

Сега истражувачите повторно ги проверуваат своите наоди. Следниот чекор ќе биде да се тестира ензимот во клинички услови, со што ќе се утврди дали процесот на претворање произведува некакви несакани последици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука