X
 15.10.2019

Како изгледа островот кој прв во светот забрани чад од тутун?

Оддалечен помалку од еден час од грчката престолнина, малиот остров Астипалеа во југозападниот дел на Егејското Море, со население од 1.300 жители, неодамна стана прва дестинација во светот каде што цигарите станаа минато.

Оддалечен од секојдневниот раздвижен живот, со кристално проѕирна вода на плажите и неодолива локална кујна, овој остров во форма на пеперутка повикува на сосема нов квалитетен животен стил. Уште кога ќе слетате на аеродромот или кога ќе стигнете на пристаништето, од инфо-таблата дознавате дека сте стигнале на првата точка на планетата каде што не се пуши, поточно на место каде што тутунот стана историја.

Нема подобар начин да се остават цигарите отколку на едно вакво инспиративно патување. Опкружени со шармантни бели фасади и сини дрвени капаци на прозорците, со криви и тесни улички поплочени со камен, сфаќате дека тука времето застанало. Дивиот и убав брег на Астипалеа и заоѓањето на сонцето на морскиот хоризонт во вас будат нова енергија за живот.


Историјата на ова место потекнува од античко време - Астипалеа бил важен трговски центар во хеленскиот период, а астипалејската флота играла важна улога во походите на Александар Велики. Како и многу грчки острови, и овој остров има свое место во митологијата - се верува дека Астипалеа била ќерка на Феникс, грчко божество, а Посејдон бил лудо заљубен во неа.

Доколку одлучите да тргнете на пат и да ги оставите цигарите, овде нема да бидете сами. Жителите на островот и „IQOS“ (I quit original smoking) водичите ќе ве информираат и упатат како да продолжите со уживањето во тутунот преку алтернативна и иновативна технологија.

ostrov
Фото: Ana Bodi/Noizz.rs


Посебна приказна се жителите на островот. Со нивата гостопримливост, смиреност и ведрина ќе ви измамат насмевка без оглед каде ќе седнете. На сите места ќе наидете на етикети „IQOS Only“, што потврдуваат дека овој остров е навистина посветен на иднината без цигари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk