X
 01.01.2016 Живот

Хуманитарна акција на 80 волонтери од Медицинскиот Факултет при УКИМ

ММСА- Македонската Медицинска Студентска Асоцијација, исто така позната и како Сојуз на Студенти по Медицина, во склоп на многуте проекти на кои што работи цела година, оваа година 8ми пат по ред ја организираше хуманитарната акција " СОС Дедо Мраз " - Мал подарок за голема детска насмевка.


Кој вели дека луѓето со кои што го делиме секојдневието не се хумани, и дека вистинските вредности на луѓето во денешницата се загубени? Со оваа хуманитарна акција, во која што со помошта на 80 волонтери од Медицинскиот Факултет при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј “, го докажавме спротивното. Почнувајќи од студентите на Медицинскиот Факултет, граѓаните на Република Македонија, професорите на Медицинскиот Факултет во Скопје, маркетите Зур, Принц, Рамстор, Рептил и Веро, МБ маркет, со мала помош од сите страни, заедно годинава успеавме да собереме рекордни 530 Новогодишни пакетчиња, кои што беа донирани на повеќе места: На децата кои што лежат на Детската клиника, на децата во Едукативниот Дневен Центар во Шуто Оризари, на децата од Друштвото за мобилност- Скопје, на децата во ЦСИ- Надеж, на децата со оштетувања на слухот, видот, говорот и гласот. Донациите се собираа со поставување на пултови пред маркетите, замолувајќи ги граѓаните да купат производ плус кој што ќе го искористиме за правење на Новогодишни пакетчиња, и организирање на медицинска хуманитарна забава на која што студентите, наместо влезница носеа некој производ како донација за пакетчињата. Потоа, ние, студентите, самите ги направивме тие пакетчиња.

Пакетчињата беа доделени на децата од страна на волонтерите кои секојдневно во маркетите неуморно собираа донации од граѓаните со цел да се соберат што повеќе производи, да се направат што повеќе пакетчиња, со играчките кои што ни ги донираа граѓаните направивме мала лотарија со која што ги израдувавме децата, а единственото нешто кое што сакавме да го добиеме за возврат беа детските насмевки, кои што ги затоплија нашите срца во овие ладни денови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот