X
 05.01.2016 Технологија

Марк Закерберг ги советува девојките

Марк Закерберг има едноставна порака до младите жени насекаде: бидете бубалицата која сакате да ја гледате (или сакате) во светот.


Во неделата, една баба се обидела да го пофали извршниот директор на „Фејсбук“ со коментирање на неговата страница на социјалната мрежа.

Имено, таа напишала дека секогаш им вели на своите внуки да „се забавуваат со бубалицата“ бидејќи тој можеби ќе стане следниот Марк Закерберг. Закерберг одговорил на коментарот.

„Дури и подобро би било да ги охрабрите да бидат бубалицата во нивното училиште за да станат следниот успешен иноватор“, напишал тој.


„Фејсбук“, како и многу други компании од технолошката индустрија, се обидува да внесе поголема еднаквост кога станува збор за половите. Шерил Сендберг, второто најодговорно лице во компанијата, преку повеќе кампањи им помага на жените да напредуваат на работното место.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија