X
 18.01.2016 Наука

Сабрина Пастрески - девојката која ја сметаат за "новиот Ајнштајн"

На само 13 годишна возраст, Сабрина имала причина да прославува. Додека другите тинејџери играле видео игри и спиеле до доцна, Сабрина завршувала со авионот кој го градела скоро 363 дена во гаражата на нејзиниот татко.

 

девојка


Авионот бил знак дека за Сабрина доаѓаат поголеми работи. Денес Сабрина има 22 години, а голем број луѓе ја сметаат за „новиот Ајнштајн“ - млада девојка чијшто мозок функционира на начин непознат за многу луѓе. Таа редовно се појавува на листата на луѓе под 30 години во магазинот „Forbеs“, а дипломира на Инстиутот за технологија во Масачусетс, еден од најпрестижните универзитети во светот со највисоки поени - 5.00. Таа сега е на пат да докторира на Харвард. Откако ќе дипломира, и веројатно ќе може да работи кадешто сака.

Џеф Брезос, инвеститор во воздухопловството и основач на „Amazon.com“, испрати отворена покана до Сабрина да биде дел од поканијата. И НАСА наводно била заинтересирана за нејзино регрутирање.

Изградбата на авионот и` помогнало да ја сфати физиката на опиплив начин. Нејзиниот следен проект е да ни` помогне да го разбереме универзумот. На Харвард таа ги проучува црните дупки, гравитацијата и времето во просторот, области на проучување на Ајнштајн и Стивен Хокинг.

„Со тоа што во текот на годините ги поместував границите на тоа што можам да го постигнам ме доведе до физиката“, вели таа.

Нејзината фасцинација со вселената започнала уште кога била малечка. Таа била запишана во Центарот за надарени при средното училиште во Чикаго. Нејзината веб страна е преполна со успеси, вклучувајќи и интервју со „Scientific American“ кадешто таа вели дека за 10 години ќе биде токму на насловната страна на ова списание.

Авионот, со кој таа летала над езерото Мичиген додека била тинејџерка, и` овозможил да биде поблиску до вселената од било кога. Како што вели денес, таа се надева дека ќе некој ден ќе оди уште подалеку.

„Построга сум со себеси од било кој друг. Дефинитивно чувствувам дека можам повеќе да направам. Супер е што сега добивам признанија, но се надевам дека со нив ќе изградам нешто. Се надевам дека ќе станам голема личност еден ден“, вели таа.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука