X
 20.01.2016 Наука

Кога да го очекуваме крајот на светот според Стивен Хокинг?

Луѓето треба да бидат „многу внимателни“ во текот на следните 100 години бидејќи има закани од напредокот на науката и технологијата, смета физичарот Стивен Хокинг.


74-годишниот научник и професор го изјавил својот став за време на интервју со „Radio times“ како одговор на прашање за крајот на светот.

Хокинг изјавил дека на Земјата ѝ се закануваат многу опасности, меѓу кои нуклеарна војна, глобално загревање и генетски модифицирани вируси, но тој смета дека заканата за голема катастрофа ќе пристигне дури за илјадници години. Дотогаш, Хокинг мисли дека луѓето ќе бидат распространети низ вселената, па крајот на Земјата не мора да биде и крајот на човештвото.

Според проценките на Хокинг, за 100 години ќе живееме во вселената, па мора да бидеме внимателни во зачувувањето на планетата дотогаш.

„Повеќето од заканите со кои се соочуваме се од напредокот кој го постигнуваме во науката и технологијата. Нема да сопреме со напредокот или да го вратиме, па мора да ги препознаеме заканите и да ги контролираме. Јас сум оптимист и верувам дека можеме“, изјави Хокинг.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука