X
 03.01.2016 Култура

Како изгледа супермаркетот од иднината?

Алберто Мучи, новинар од „Вајс“, го посетил супермаркетот на иднината за да дознае како ќе се пазари за неколку години. Се работи за самопослуга од иднината зад која стои ланецот супермаркети „Coop“ со помош од аркитектот Карл Рати. Оваа самопослуга беше претставена во рамките на универзалната светска изложба „Експо 2015“ во Милано годинава.


Што има во овој супермаркет?

Просторот е организиран на начин кој на прв поглед збунува бидејќи производи од „различни категории“ се понудени заедно. Оваа самопослуга се инспирира од природниот ланец на производство на храна.

Супермаркетот на иднината има роботи кои помагаат при пакувањето на купените производи, а еден од неговите главни цели е да поттикне интеракција. Идејата е да се создаде чувство дека се наоѓате на пазар и може полесно да започнете разговор.

Супермаркетот од иднината е опремен со екрани кои наизменично се палат како што купувачот поминува пред нив, а на нив има информации за производите кои се нудат - за нивното потекло, хранливите вредности, па дури и колку загадуваат.

Купувачите може и да преземат посебна апликација, да ги наведат своите вкусови и прехранбени навики и да добијат предлози за купување.

За изградбата на супермаркетот биле издвоени 15 милиони евра.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура