X
 27.01.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла.. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, а повеќе сончеви периоди се очекиваат во западните и југозападните предели. Ќе дува доумерен слаб северен ветер, а во западните западен и југозападен. Утринските температури од -4 до 4 степени, а максималните дневни од 7 до 15 степени.

Во вечерните часови и во текот на ноќта повторно појава на густа магла која ќе ја намали видливоста и под 50 метри.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла. Попладне услови за сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 11 степени.

Во наредните денови претежно сончево со локална облачност и надпросечно топло за овој период од годината. Во четврток и петок појава на магла која ќе ка има во вечерните, утринските и претпладневните часови, а попладне со сончеви периоди. Максималните температури од 8 до 16 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност, а во недела сончево и топло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот