Најпопуларното македонско ток шоу Еден на Еден ни најавува многу интересна епизода! Веќе навикнавме кај Жаре на гости да гледаме ѕвезди од целиот Балкан, па оттаму и не нѐ изненадува тоа што оваа сабота ќе уживаме со Жељко Самарџиќ, кој ќе покаже дека е опуштен и фантастичен не само на сцена.
Меѓу другото, Жељко ќе пее на хелиум, ќе сподели многу никогаш раскажани анегдоти за неговиот живот, а богами ќе покаже и дел од неговите шоуменски способности.
Многу причини да гледаме Еден на Еден во сабота на Телма, во 19:15 часот.