X
 17.05.2024 Забава

Познат датумот за премиерата на филмот „Мортал Комбат 2“

На почетокот од оваа година заврши снимањето на филмот „Мортал Комбат 2“, но фазата „Докрајчи го (Finish him)“, сепак, ќе трае подолго отколку што се очекува.

Најавено е дека „Мортал Комбат 2“ ќе ја има својата премиера на 24 октомври 2025 година. Потврдено е и дека ќе се прикажува во кината „Имакс“.

Како што покажува самиот број 2, филмот ќе ја продолжи приказната која започна во 2021 година, а во овој дел можеби ќе се види и одржување на познатиот турнир „Мортал Комбат“. Веќе беше познато дека некои нови имиња ќе ѝ се приклучат на постојната актерска екипа.

Извор: hcl.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава