X
 07.03.2016 Наука

Што доколку ги убиеме сите комарци?

Никој не ги сака комарците. Тие предизвикуваат иритации и чешање, здодевни се и пренесуваат вируси, како зика и предизвикуваат маларија. Со тоа, тие убиваат стотици илјадници луѓе секоја година. Многумина се прашуваат зошто, тогаш, не ги убиеме сите комарци?


Луѓето, впрочем, се обиделе да ги уништат комарците со прскање средства, кои делувале штетно за Земјата. Згора на тоа, постојат над 3.000 видови комарци во светот.

Дали уништувањето на комарците би било штетно за планетата?

Некои научници сметаат дека светот би функционирал исто без комарците, но многу повеќе не се согласуваат. Имено, видови комарци играат важна улога во одржувањето на еколошкиот систем во арктичкиот круг. Комарците претставуваат храна за птици, риби и други видови и на други места од Земјата. Со убивањето на овие видови би можело да се стават во опасност многу други животни и растенија.

Но, не мораме да ги убиеме сите видови. Знаеме кои видови се оние кои ги пренесуваат вирусите и бактериите, а истражувачите веќе работат на наоѓање начин на менување на гените на овие комарци.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука