X
 21.03.2016 Живот

Колку изнесуваат платите на најплатените државни лидери?

„CNN Money“ објави листа од десет најплатени премиери и претседатели во светот. Поради големата рецесија во која се нашла Русија, Владимир Путин својата плата ја намалил за 10%. Но, колку изнесува таа во споредба со другите светски лидери?


Претседателот на САД, Барак Обама, води со плата од 400.000 долари годишно. Претседателската плата на првиот човек на САД се зголемила двојно откако Џорџ В. Буш стана претседател во 2001 година. Освен тоа, Обама има право на трошоци без данок во износ од 50.000 долари годишно.

Канадскиот премиер, Стивен Харпер, има речиси двојно помала плата - 260.000 долари.

Следува германската канцеларка Ангела Меркел. Нејзината плата изнесува 234.000 долари годишно и е најголема меѓу европските колеги.

Единствен претседател од Африка кој се наоѓа на листата е Џејкоб Зума, првиот човек на Јужноафриканската република, со 223.500 долари. Со тоа, тој заработува 9.000 долари повеќе од британскиот премиер, Дејвид Камерон. Камерон годишно заработува 214.800 долари.

Платата на јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изнесува 202.700 долари.

Првиот човек на Франција, Франсоа Оланд се наоѓа на седмото место со годишна плата од 194.300 долари. Оланд би бил подобро рангиран доколку не ја намалил својата плата за 30% во 2012 веднаш по доаѓањето на должност.

По него следува рускиот претседател, Владимир Путин, кој годишно заработува приближно околу 136.000 долари.

Нешто помалку заработува италијанскиот претседател Матео Рензи - 124.600 долари. Само 4.000 долари помалку, односно точно 120.000 долари заработува неговата бразилска колешка Дилма Русеф.

На листата се најде и индискиот премиер Наренда Моди, чија годишна плата изнесува нешто повеќе од 30.300 долари.

Претседателот на Кина, Си Џинпин годишно заработува плата во износ од 22.000 долари. Таа сума пораснала за дури 60% од почетокот на оваа година!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот