X
 27.03.2016 Култура

Едвај видливите жици кои се наоѓаат во речиси сите големи градови

Непознати за многумина, а мистерија за малкумина кои ги виделе, но не ја знаат нивната функција, ова се проѕирни жици кои може да се најдат закачени во стотици градови ширум светот. Закачени високо над улиците и покривите од куќите, овие жици едвај се видливи и не влијаат никако на милиони луѓе кои живеат во овие градови. Но, за старите Евреи, овие жици имаат значење.


Жиците ја претставуваат ритуалната ограда наречена ерув, во која Евреите може да извршуваат обврски кои не смеат да ги направат надвор од домот за време на најголемите празници. Овие обврски најчесто се секојдневни, како носење клуч од домот, марамчиња, лекови или слично, но доволно значајни за да се функционира.


Имено, за време на најголемите празници, голем дел од Евреите се врзани за домот, како мајките со деца или хендикепираните. Така, тие започнале да закачуваат жици во своите населби за да создадат затворен простор бидејќи според еврејскиот закон, затворен простор се смета за приватен простор, а во внатрешноста на тој приватен простор може да се носат предмети или да се буткаат инвалидски колички и слично, што инаку не е дозволено надвор од приватниот просто, пишува „Amusing planet“.





Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура