Шведскиот ресторан „Ал Џонсон“ е во сопственост на едно семејство. Се работи за обичен ресторан, освен тоа што на кровот се движат кози.
Ресторанот се наоѓа во село во Висконсин, САД. Во него може да јадете традиционална шведска храна. Но, ништо од тоа не го прави необичен. Она што го прави ресторанот уникатен се козите кои шетаат на кровот.
Крововите со трева се традиционални во скандинавските земји, а тоа е она што сака да го пренесе ресторанот „Ал Џонсон“.
Ресторанот бил основан во 1949 година како мала гостилница, а во оваа форма постои од 1973 година, кога бил поставен тревниот кров.
Како стигнале козите таму горе? Сè започнало како шега кога најдобриот пријател на сопственикот ставил една коза на кровот. Козата го привлекла вниманието на луѓето кои поминувале, па семејството решило да набави повеќе кози и да ги стави на кровот.
Благодарејќи на овие животни, денес ресторанот е еден од најпознатите и најуспешните во Висконсин.