X
 30.03.2016 Технологија

Зошто треба да се одбегнуваат бесплатните апликации?

Бесплатните апликации најчесто се послабата верзија од професионалните апликации кои се плаќаат.


„Freemium“ е термин со кој се опишува можноста за бесплатно преземање апликации и игри. Имено, многу апликации и игри се достапни за преземање бесплатно, а корисниците плаќаат подоцна доколку сакаат да отклучат и искусат повеќе, пишува „Б92“.

Но, експертите советуваат давање еден долар или едно евро за апликација која не е „freemium“, доколку навистина се користи. Во бесплатните апликации се здодевни огласите, но и докажано ја успоруваат работата на телефонот бидејќи постојано работат во позадина и трошат повеќе интернет. За да се ослободите од нив, некогаш мора и да платите и повеќе отколку би ве чинела професионалната верзија од апликацијата.

Згора на тоа, докажано е дека рекламите ја трошат батеријата побргу. Накратко, самите огласи даваат причини за одбегнување на бесплатните апликации: дополнително го трошат интернетот, го успоруваат уредот и го скратуваат траењето на батеријата.

Во продавницата „Google play“ моментално се наоѓаат над 1,6 милијарди апликации, од кои голем дел се лоши. Една причина е тоа што бесплатните апликации, кои се побарани, понекогаш се полошо дизајнирани, програмирани и одржувани од оние кои се плаќаат.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија