X
 06.09.2016 Технологија

Што можеме да очекуваме од новиот iPhone 7?

„Apple“ се подготвува за објавување на следната генерација на паметни телефони на нивниот годишен настан во Сан Франциско. Секоја година на есен, гигантот од Силициумската долина претставува пакет на нови производи кои вклучуваат iPad, MacBook и Apple Watch модели.

 

1


Утре компанијата треба да објави детали за надградувањата на iPhone-от. Иако естетски ќе биде сличен со iPhone 6s и 6s Plus, сепак се очекува новиот паметен телефон да има неколку големи разлики вклучувајќи подобра камера, поголема моќност на батеријата и подолг животен век. Исто така може да има нова палета на бои и почетна големина од 32 гигабајти.

Името


Извештаите тврдат дека претстојниот iPhone може да се вика iPhone 7. Меѓутоа, со оглед на тоа што не се очекуваат некои поголеми промени и некој радикален дизајн, голем дел од аналитичарите шпекулираат дека „Apple“ ќе го остави иметo за следната година кога ќе прослават 10 годишнина, па овој нов модел ќе го именуваат iPhone 6se.

Предлогот е во согласност со лансирањето на iPhone SE во март, кој беше надградена верзија на дизајнот iPhone 5s.

Други шпекулации пак велат дека „Apple“ може да објави две верзии од 5.5 инчи, со камера со двојна леќа кој ќе се вика iPhone Pro.

 

2


Новите карактеристики

Најзначајните промени предвидени за новиот телефон ќе вклучуваат надградена камера, воведување на копчето „Home“ кое ќе биде чувствително на притисок и отстранување на 3.5 милиметарскиот приклучок за слушалки.

Поголемиот плус модел се очекува да има помоќна камера со двојна леќа. Претходно кружеа шпекулации дека може да има паметен поврзувач кој овозможува поврзување со додатоци како тастатура, меѓутоа неодамна овие шпекулации се покажаа како невистинити.

Отстранување на приклучокот за слушалки

 

3


Шпекулациите постојано индицираа дека компанијата ќе се ослободи од приклучокот за слушалки, со што клиентите ќе го добијат телефонот со пар „Lightning EarPods“ или безжични „AirPod“ слушалки, кои ќе имаат и опција за „Bluetooth“ или некој друг безжичен стандард.

Надградена камера

Додека се'уште нема подробни детали во врска со камерата освен дека е поголема во изгледот, се претпоставува дека би можела да нуди подобри способности при недоволна светлина како и поостри слики.

5.5 инчната верзија на телефонот веројатно ќе дојде со камера со двојна леќа, со што ќе се овозможи огромен пораст на квалитетот.

Претстојниот телефон најверојатно ќе има поголема батерија од неговите претходници и ќе се карактеризира со поголема надградба на своите спецификации, давајќи му можност на телефонот да ја зголеми својата брзина. Исто така постојат шпекулации дека телефонот ќе има побрза технологија на полнење. Исто така, постојат индикации за бета верзија на iOS 10, кој ќе биде отпорен на вода.

Кога ќе биде објавен?


„Apple“ го потврди датумот за својот годишен настан за лансирање на производи на 7 септември.

Како ќе изгледа?

 

4


Се очекува новиот телефон да изгледа многу слично како сегашните модели 6s и 6s Plus. Ако се отстрани приклучокот за слушалки тогаш телефонот би можел да биде 1 милиметар послаб, но со поголема камера која ќе биде поставена поблиску до горниот агол лево на телефонот. Може да бидат додадени повеќе бои, вклучувајќи црна верзија и сива верзија.

Цената


Последниве две години најевтиниот модел на iPhone беше околу 650 евра. Но цената може да се зголеми оваа година, па така iPhone со 64 гигабајти би можел да е 740 евра, додека iPhone со 128 гигабајти би можел да изнесува 840 евра. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија