X
 13.04.2016 Здравје

Се` повеќе луѓе страдаат од алергии - Како да се заштитите?

Сè повеќе луѓе страдаат од алергија, а најновите истражувања покажуваат дека бројот уште ќе се зголемува и дека реакциите ќе бидат сè поинтензивни и подолги.


Д-р Бил Фриленд, водечки лондонски алерголог предупредува дека под алергии ќе потклекнат и оние кои со нив со сега не се соочувале. Што се случува и како да се заштитите?

Пелудната треска е двојно почеста во градовите отколку во руралните места поради поголемото загадување во воздухот, што доведува до иритација на дишните патишта.

- Тоа не значи дека луѓето се алергични на загадувачите на воздух, но тие може многу да ја влошат ситуацијата кај луѓето кои веќе се алергични - вели д-р Хилари Лонгхарст, клинички имунолог.

Загадувањето зголемува некои алергени

Со тоа се согласува и професорот Малком Грин, основач на британската организација „Lung foundation“ кој предупредува дека загадувачите на воздухот може да бидат причина за појавување на алергии кај луѓето кои досега не би развиле алергија.



Имено, возилата со загадувањето ги прават белите дробови почувствителни и алергените полесно реагираат кога ќе дојдат во допир со чувствителните бели дробови. Загадувањето може дури и да зајакне некои алергени, како што покажува истражување од списанието „Plant, cell & environment“.

Имено, амброзијата изложена на високо ниво на оксиди од автомобили и електрани произведува повеќе тешки или долготрајни алергиски реакции.

Влијае и долгото и топло лето

На сето тоа дополнително придонесува долгото и топло лето. Кога е топло и суво, тие честички остануваат подолго во воздухот. Постојат околу 30 различни алергени кои предизвикуваат пелудна треска, а во многу случаи, лицата се алергични на повеќе од еден вид.

Научникот Кристоф Саран нагласува дека постои можност дека топлите температури ќе ги поттикнат некои од алергените да се активираат двапати во една сезона.

Научниците имаат теорија за зголемениот број случаи на алергии. Имено, децата се недоволно изложени на бактерии бидејќи нивната околина е премногу чиста, што предизвикува имунолошкиот систем претерано да реагира на безопасни супстанци како алергените.

- Во минатото, децата играле надвор и нивниот имунолошки систем научил да ги препознава штетните патоген - вели Саран.

Како да се заштитиме?

Докторката Холи Шо посочува дека луѓето може многу да научат за да се заштитат. Таа советува дека луѓето кои страдаат од алергии соодветно треба да ги планираат своите активности на отворено и треба да одбегнуваат активности на отворено рано наутро или навечер.

Исто така, таа посочува дека е важно навреме да се започне со лечење и намалување на изложеноста на алергени. Се советува и затворање на прозорците во домот, а во текот на излегувањето задолжително носење очила за сонце.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје