X
 20.04.2016 Живот

Условот на Турција

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу е последниот државен човек од Анкара кој се закани на Брисел со прекинување на договорот за мигрантите склучен изминатиот месец токму во моментот кога Европската унија размислува за олеснување на привилегиите за патување без виза како што вети.


- Договорот кој го склучивме со ЕУ е многу јасен. Сакаме оваа човечка трагедија да заврши, нашите граѓани да патуваат без виза и да се ажурираат правилата за унијата - изјави Чавушкоглу во својот говор.

- Доколку ЕУ не го одржи својот збор, вклучувајќи ја спогодбата за мигрантите, ќе ги откажеме сите договори - додава тој.

Според договорот, Анкара ветува прифаќање на бегалци од Грција без дозвола за влез во ЕУ, во замена за ист број сириски бегалци. За да се финансира ова, Турција би добила 6 милијарди евра во следната половина деценија. Турција побара и забрзување на процесот за влез во Шенген зоната до јуни. Унијата се согласила на договорот со 72 услови од Турција.



Меѓутоа, турските власти отворено говореа дека се скептични за договорот. Порано месецов, претседателот Ердоган предупредил дека доколку унијата одолговлекува, договорот ќе биде поништен.

Во меѓувреме, медиумите пишуваа дека владата на Ердоган ги користи сириските бегалци како борци во воените зони на својата граница со Сирија.

Истовремено, договорот има рани поволности. „Фронтекс“ известува дека во март пристигнале 26.640 луѓе од Турција до Грција, што е речиси двојно помалку од бројот на бегалците во февруари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот