X
 11.12.2015 Живот

Какво време да очекуваме овој викенд?



Во раните утрински часови во делови од западна Македонија како и во Охридско-Преспанскиот и Пелагонискиот регион постојат услови за провејување на слаб снег. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со услови за повремени сончеви периоди попладне, ветровито и студено. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -5 до 3 степени, додека пак максималните дневни од 0 до 11 степени.

Во Скопје во петок ќе биде претежно облачно, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6 степени.

Во деновите од викендот ќе биде сончево и малку потопло, но со студени утра и ноќи. Во сабота утрински температури од -7 до 0, а дневните од 2 до 13 степени. Во недела наутро од -8 до 0 преку ден со температури до 4 односно до 14 степени. Во понеделник и вторник ќе продолжи стабилното време со локална облачност и пораст на температурите, па дневните ќе се движат од 5 до 15 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот