X
 28.04.2016 Наука

Хомосексуалците и бисексуалците имаат најголеми шанси да извршат самоубиствво

Ново британско истражување покажува дека ризикот од обидот за самоубиство е шест пати поголем кај хомосексуалците и бисексуалците на возраст под 45 години - и стапката е уште поголема кај луѓето во боја.

 

depresija


Оваа шокантна бројка се зголемува кај оние кои се црни, сиромашни и имаат пониско образование, велат истражувачите од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM). Тимот искористил речиси 6.000 одговори од анкетата за да анализира како возраста, етничката припадност, приходите и другите фактори влијаат врз депресијата, анксиозноста и самоубиствените нагони.

Нивните откритија, објавени во „Journal of Public Health“ покажуваат колку дополнителниот стрес може да го усложни и онака алармантниот ризик за самоубиство кај ЛГБТ заедницата.

„Малцинските групи обично се сметаат за повеќе хомогени отколку што навистина се, кога всушност постои голема разлика во животот и здравјето кај оваа група“, изјави Д-р Форд Хиксон, професор по јавно здравја и главен автор на истражувањето. „Она што е јасно е дека здравствените нееднаквости помеѓу хомосексуалците и бисексуалците се отсликуваат во поширокото општество“.

Возраста и расните разлики се меѓу повеќето варијации во нивниот примерок. Речиси 6% од хомосексуалците и бисексуалците на 26 годишна возраст и надолу пријавиле обид за самоубиство минатата година во споредба со само 1% од оние кои имале 45 или повеќе години.

„Колку мажите се постари, толку повеќе можат да се справат со хомофобијата или пак се релативно привилегирани во други области од нивниот живот“, вели Д-р Хиксон.

Исто така, со анализа на влијанието на одделни социјални фактори, авторите на истражувањето беа во можност да покажат дека менталното здравје на хомосексуалците и бисексуалците не е монолитно. На пример, бисексуалните мажи генерално имале полошо ментално здравје отколку нивните врсници кои се хомосексуалци, веројатно како резултат на специфична стигмата околу луѓето кои ги привлекуваат повеќе од еден пол. Речиси 30% од хомосексуалците и бисексуалците кои го напуштиле училиштето на 16 годишна возраст се соочиле со депресија, додека 17% од нив кои продолжиле со високо образование го доживеале истото.

Некои разлики се суптилни, но значајни. На пример, азиските хомосексуалци и бисексуалци имаат поголема веројатност да страдаат од депресија отколку белите хомосексуалци и бисексуалци, но помала веројатност да се обидат да се самоубијат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука