X
 28.04.2016 Технологија

Илон Маск и "Space X" подготвени да го истражуваат Марс

„Space X“ сака да оди на Марс до почетокот на 2018 година. Ова е прв пат компанијата да даде одреде датум за своите аспирации за посета на Марс, иако Илон Маск со години зборува за посета на оваа планета.

 

летало


Милијардерот постојано шпекулираше за начините на кои може црвената планета да се направи погодна за живот и отворено зборуваше за плановите на неговата компанија да ја колонизира Марс. Меѓутоа, ваква официјална најава дава реална временска рамка за евентуална мисија на Марс.

Во мисиите „Red Dragon“ нема да биде вклучен екипаж, туку тие ќе ѝ помогнат на компанијата да развие технологија потребна за испраќање голема носивост, па дури и воспоставување на колонија на планетата.

После првичната објава на „Twitter“, и самиот Маск објави неколку детали, велејќи дека „Dragon 2“ - за кој се очекува да биде летало кое ќе лета на мисиите „Red Dragon“ е дизајниран со можност на слетување било каде во Сончевиот систем.

 

Компанијата треба да постигне доста во наредните две години, такашто постојат многу причини човек да е скептичен во врска со нивните планови. Компанијата допрва треба да започне со тест летот на „Falcon Heavy“ ракетата која ќе се користи за тежок товар и за долгите мисии до Марс. Првото лансирање се очекува кон крајот на оваа година.

 

марс


Исто така, „Space X“ треба да открие начин на кој ќе слета капсула на површината на Марс без да се руши. Атмосферата на Марс е толку тенка што не ги забавува леталата како што тие се приближуваат до површината. За да го реши овој проблем, „Space X“ планира да искористи пропулзивна техника за слетување, со што леталото ќе забави и ќе има непречено слетување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија