X
 02.05.2016 Живот

Сакате бесплатно патување низ светот? Пријавете се овде!

Исландската авионска компанија „WOW air“ се специјализира за евтини летови, а најново од неа е оглас за вработување кој е примамлив за многумина.


Имено, компанијата бара 4 луѓе кои со нив ќе патуваат низ светот и приказните од патувањето ќе ги објавуваат на „Snapchat“. Компанијата на своите среќни патници ќе им плати посета на своите 28 дестинации, кои ги вклучуваат Барселона, Берлин, Единбург, Лондон, Копенхаген, Варшава, Сан Франциско, Бостон итн.

Трошоците за летовите, сместувањето и разни активности ќе бидат покриени од страна на компаниите, а патниците ќе добијат и џепарлак за трошење. Патувањата ќе траат од три до осум дена. За да се пријавите треба да имате над 18 години, да зборувате англиски многу добро и да имате добро физичко и психичко здравје.

За пријавување треба да снимите двеминутно видео на својот телефон и да го испратите на страницата на авиокомпанијата. Пријавувањето трае до 8 мај.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот