X
 23.02.2024 Живот

Авиокомпанија лансира лет до мистериозна дестинација - илјадници луѓе се пријавија за патување

Замислете да одите на одмор, но да немате поим каде.

Авиокомпанијата „Скандинавијан ерлајнс“, чие седиште е во Шведска, го понуди токму ова, односно неодамна воведе мистериозен лет наречен „Непозната дестинација“.

Авиокомпанијата продаваше билети исклучиво за членовите на програмата за лојалност на редовните патници. Наместо пари, патниците требаше да откупат 48.000 километри за седиште. Летот поаѓа од Копенхаген на 5 април, а се враќа назад на 8 април.

На патниците им е кажано дека летот ќе трае неколку часа, а точната локација на дестинацијата ќе биде откриена во одреден момент од летот преку соопштение.

- Возбудливо е авантуристичкото и мистериозно патување и стекнувањето нови пријателства - вели главниот комерцијален директор и извршен потпретседател на „Скандинавијан ерлајнс“, Пол Верхаген.

Над 1.000 луѓе аплицирале за да се приклучат на летот, а авиокомпанијата повеќе не прифаќа резервации. Поради ограничениот број места во авионот, билетите за априлското патување ќе им бидат поделени по случаен избор на патниците што се пријавиле.

Извор: Lonelyplanet.com
Фoто: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот