X
 08.05.2016 Наука

Можете ли да го решите овој вонземски код?

Доколку вонземјаните некогаш се обидат да ги контактираат жителите на Земјата користејќи шифрирана бинарна порака, дали луѓето би разбрале што сакаат да кажат?


Астрофизичарот Рене Хелер од институтот кој се занимава со истражувања за соларниот систем во Германија составил тест за да го дознае тоа. Во рамки на предизвикот СЕТИ за дешифрирање, научниците објавиле огромна порака составена од нули и единици и ја повикуваат јавноста да се обиде да ја дешифрира.

- Да претпоставиме дека телескоп на Земјата прима серија импулси од непознат извор надвор од соларниот систем. Компјутерскиот алгоритам препознава интелигентна природа на импулсот. Излегува дека тие импулси носат порака - вели Хелер.

Целиот код може да го пронајдете ОВДЕ, а резултатите од натпреварувањето ќе бидат објавени на 3 јуни. Решението на кодот би можело да ги даде висината на вонземјаните, нивниот животен век, колкав е уредот кој испраќа импулси, колку долго комуницираат со други краеви од галаксијата и колку е стар соларниот систем.

Хелер изјавува дека секој може да го прифати предизвикот и својот напредок да го објави на „Твитер“ користејќи ја ознаката #SetiDecryptChallenge.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука