X
 09.05.2016 Економија

Милионски компании основани од мајки

Доколку мислите дека секој основач на стартап-компанија е млад студент кој се откажал од студиите како Марк Закерберг, грешите. Постојат претприемачи кои работат напорно на решавање проблеми додека се родители. „Бизнис инсајдер“ набројува десетина претприемачи кои се и успешни мајки.


Ен Војчицки, извршен директор и ко-основач на „23andMe“ имала проблеми со својата компанија во 2013 година, но и покрај тоа започнала одново по две години со ново генетско тестирање. Сега, нејзината компанија вреди над 1 милијарда долари.


Дајен Грин, ко-основач на „VMware“, моментално работи во „Google“. Таа била бремена со второто дете кога ја основала компанијата.


Беатриз Ацеведо, основач и претседател на „Mitu“, сака да го промени начинот на кој жителите од Јужна Америка се претставени во медиумите. Додека ги чувала своите близнаци, таа основала мрежа за младите јужноамериканци.


Паула Лонд, извршен директор и ко-основач на „DataGravity“. Таа е многу успешна во областа на технологијата, но не се плаши да признае дека сака повеќе време со семејството.



Џејн Парк, извршен директор и основач на „Julep“. Таа се откажала од работата во „Старбакс“ откако го родиле второто дете и основала компанија.


Ади Татарко, извршен директор на „Houzz“. Таа започнала проект, кој станал компанија, која им помага на луѓето да ги декорираат своите домови од почеток до крај.


Тина Шарки, ко-основач на „iVillage“ и извршен директор на „Sherpa foundry“ водела повеќе бизниси и брендови во дигиталниот свет.


Маријам Нафиси, извршен директор и основач на „Minted“. Таа ја продала својата прва компанија и основала нова компанија додека била на факултет. Следната компанија ја отворила додека се грижела за детето, а сега има две деца.


Џулија Харц, извршен директор и ко-основач на „Eventbrite“, ја основала компанијата заедно со сопругот пред десет години. Во тоа време, двајцата воспитале две деца и ја зголемиле вредноста на нивната компанија на над 1 милијарда долари.


Кимберли Брајант, основач на „Black girls code“, се откажала од својата работа по години во биотехнолошката индустрија. Нејзината ќерка имала страст за технологијата и се вљубила во програмирањето, а тогаш Брајант сфатила дека повеќе девојчиња би требале да го учат тоа.


Џесика Алба, основач на „The Honest co.“. Таа била инспирирана да ја основа компанијата по својата прва ќерка. Таа ја претставила линијата семејни производи во 2011, а сега компанијата вреди 1 милијарда долари.


Каролин Јашари Бечер, Џанел МекГлотлин и Џоана Мекфарланд, основачи на „HopSkipDrive“. Тие заедно имаат вкупно осум деца, а нивната компанија е позната како „Убер за деца“ која им помага на родителите.


Џесика Херин, ко-основач на „Weddingchannel.com“ и „Stella&Dot“. Во 2003 година, таа ја имала својата прва ќерка и го направила првиот чекор кон претворање на нејзиното хоби во бизнис. Нејзината компанија беше прогласена како една од 500-те најбрзо растечки компании во светот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија