X
 09.05.2016 Наука

Во космосот постојат над милијарди цивилизации, велат научниците

Шансите дека сме прва технолошки напредна цивилизација во вселената се занемарливо мали, покажува ново истражување.


Труд објавен во списанието „Астробиологија“ користел познати равенки од 1961 година за веројатноста дали постојат вонземските цивилизации, за да бидат вклучени нови податоци кои ги имаме за потенцијалните планети со живот.

Било заклучено дека во вселената речиси сигурно постојат над милијарда други цивилизации.

Водичот на истражувањето, Адам Франк, професор по физика и астрономија на Универзитетот во Рочестер, вели дека дури и во случај цивилизациите да се развиваат на само една од милијарда планети, сигурно постоеле над 10 милијарди технолошки напредни општества откако постои универзумот.

Франк, кој проценува дека шансите дека сме прва таква цивилизација која се развила во овој дел од универзумот се еден на 10 милијарди, своите пресметки ги нарекува „археолошки облик“ на Дрејковата равенка, бидејќи се претпоставува дека во историјата на космосот веројатно исчезнале над милијарда интелигентни видови.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука