X
 30.05.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 30 мај 2016 година, 151-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 5:00, а ќе зајде во 20:02 часот. Денот ќе трае 15 часа и 7 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно сончево и топло време. Ако по утрото се познава денот, тогаш не очекува еден надпросечно топол мајски ден.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува вистински летен ден. Сончево и многу топло. Во попладневните часови во крајните североисточни и источни предели со услови за развој на нестабилна облачност и слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен претежно јужен и југозападен ветер со брзина до 20 км/ч. Утринските температури од 9 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. Ув индексот ќе има вредност 9, и се препорачува да се избегнува дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес сончево и многу топло. Слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник сончево и малку посвежо време со максимални температури од 22 до 33 степени. Во периодот од среда до петок ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, но во попладневни и во вчерните часови со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици и константен пад на температурите. Во среда максималните температури ќе се движат од 22 до 33 степени, во четврток од 18 до 29 степени, а во петок од 17 до 28 степени.

Weatheer4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот