X
 28.06.2016 Живот

Квиз за сите комунисти

На интернет страната на Комунистичката партија на Кина поставен е квиз кој мораат да го положат сите државни службеници и членови на Партијата. Квизот е достапен за сите, и оние кои не се од Кина.

 

kina


Уште првото прашање од квизот е конфузно: „Членовите кои се казнети со казна затвор помала од три години, дополнително се казнува со следната санкција: а)предупредување, б)промена од должноста во партијата, в) oпомена или г)исклучување од партијата“.

Прашањата се случајно избрани од каталог, со вкупно 300 прашања на кои добриот комунист треба да го знае одговорот. Наредното прашање е: „Која е партиската постапка против член против кој државното обвинителство спровело истрага, но истрагата на крајот не е завршена?“

Воопшто не се споменува Маркс, Енгелс и Мао револуцијата - очигледно ова повеќе не е најважното знаење кое се очекува од членовите на кинеските комунисти. Скоро сите прашања се вртат околу дисциплинските постапки во рамките на партијата.

Рок од три недели


Сите кинески комунисти имаат три недели да учествуваат во овој квиз и се предупредени се дека се бара „темелно познавање на статутот, изборната постапка и програмата на партијата“. Повеќе од половина прашања се поврзани со корупција. Како партијата може да се бори против корупцијата и кои последици ги има таа? Некои прашања беа поврзани и со начинот на избор на делегати во самата партија.

„2016 година е годината кога започнува одлучувачката фаза во развојот на благосостојбата на општеството и години на структурни реформи. Што е на прво место кога успешно би се започнала 13-та петолетка? а)иновации, б)стабилност, в)реформи или г)развој“, е уште едно прашање кое навистина збунува и е малку повеќе генерално. Секако, на Кина ѝ е потребна стабилност, во тоа нема сомневање. Но за напредок се потребни и иновации и реформи - само така може да се развива најнаселената земја во светот.

Но, кој би можел да помогне ако некој не го знае одговорот? Се разбира, интернет пребарувач. Но, Google е забранет во Кина и тамошниот главен пребарувач се вика Baidu. Овој пребарувач го дава одговорот: г)развој.

Всушност, смешно е што овој кинески пребарувач не нуди одговор само на едно прашање, туку ве упатува до каталогот со сите прашања и нивни одговори. Подредени по тема и зачестеност, дури и со ознака колку бодови донесува точниот одговор. Помалку вредните членови можат да само да препишат, не мораат да учат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот