X
 04.07.2016 Наука

Конечно знаеме како кучињата можат да помирисаат дијабетес

Со години, кучињата помагале да откријат ниско ниво на шеќер во крвта кај нивните сопственици кои патат од дијабетес, и да ги предупредат од напад на хипогликемија. Научниците конечно откриле како кучињата се способни за оваа вештина - нешто што би водело кон нови медицински сензори.


Кучињата се поумешни во мирисање отколку во гледање. Тие можат за забележат и најмала концентрација на мирис - околу еден дел од трилион. За нас тоа би било исто како да забележиме една лажичка шеќер во два олимписки базена. Тоа им дозволува да работат како медициски кучиња-детектори, каде тие можат да намирисаат разни форми на рак и дијабетес.

Во случај на дијабетес, специјално истренираните кучиња можат да препознаат кога нивото на шеќер во крвта на нивниот сопственик е ниско. Кај луѓето со дијабетес тип 1, ниското ниво на шеќер предизвикува проблеми како растрепереност, дисориентација и замор. Доколку не се земе терапија, доаѓа до напад, дури и несвесност или кома. На некои, овие епизоди им се случуваат многу одеднаш и со мало предупредување. Кога кучето ќе забележи дека неговиот сопственик е во неволја, тие го известуваат со изведување на некоја претходно издресирана вежба, како лаење, лежење на под, или ставајќи ја шепата на неговото рамо.

Но како кучињата знаат? Што е тоа што всушност го мирисаат?

Ова прашање ги има заинтригирано научниците со години, но ново истражување од Институтот за метаболични науки и Универзитетот на Кембриџ конечно дојдоа до одговор. Тоа е изопренот. Тоа е нештото што кучињата го мирисаат - обична честичка во човековиот здив. Научниците испитаа 8 жени со дијабетес тип 1, и под контролирани услови, им го намалија нивото на шеќер во крвта. Потоа сфатиле дека изопренот се зголемувал при хипогликемија.

Во некои случаи, присуството на изопрен се дуплирало. Луѓето се несвесни на изопренот, додека кучињата се посебно чувствителни на оваа честичка, и можат да забележат кога неговото ниво е високо во човековиот здив.

Истражувачите сметаат дека зголеменото лачење на изопрен при хипогликемија е бипродукт на произвоството на холестеролот. Сепак деталите уште не се разјаснети. Користејќи го ова знаење, истражувачите сакаат да развијат медицински сензор што ќе ја врши истата работа како кучињата кои мирисаат дијабетес. Исто така, овој сензор би можел да ги замени сегашните испитувања - земање крв од прст, што е навистина непријатно, болно и релативно поскапо. Многу е важно да не се претера во можностите на кучињата.

Овие истражувања се се' уште во раните фази. Изјавите дека кучињата можат да намирисаат рак на белите дробови и Паркинсонова болест, се уште под истражување и сеуште не се прифатени за вистинити. Сепак, тоа е возбудлива изјава на медицинско истражување кое може да води кон нови научни откритија и нови моќни медицински технологии.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука